20 работи од кои ви се тресат колената

Да видите маж кој ви се допаѓа не е нешто необично и несекојдневно. Но, да запознаете претставник од спротивниот пол поради кој ви се тресат колената и не е баш толку честа појава. Ви откриваме 20 работи кои мажите и жените ги сметаат за неодоливи.

Убавото тело е прво на листата на приоритети кај мажите.

Студијата во која беа вклучени вкупно 4.000 испитаници, покажа дека мнозинството жени за неодоливо го сметаат долгиот контакт со очите и силните машки раце.

Мажите пак вклучени во анкетата изразија понесуптилни критериуми, фалејќи го убавото тело и атрактивното деколте.

Жените како важни особини на неодолив маж ги истакнаa великодушноста, интелигенцијата, сочуствителноста, како и доброто тело, сексуалната вештина и добрата комуникација со деца.

Духовитоста како посакувана особина е на високо место и на машката и на жеснката листа.

„Сакавме да откриеме што навистина чини некој ’неодолив’ за спротивниот пол, она што го разликува од само ’привлечен‘“, објасни шефот на спроведеното истражување.

„Откривме дека ретка комбинација на особини, најчесто едноставни психички и физички карактеристики, во одредена комбинација предизвикуваат ’тресење на колената’. Она што сите ние можеме да го заклучиме од овие резултати е дека луѓето би требале да го искористат моментот кога запознаваат некој неодолив бидејќи тоа не се случува често“.

Или со други зборови, во просек некој што ви се допаѓа се гледа два пати дневно, додека некој неодолив што ви одговара целосно само два пати во животот.

20 работи неодоливи за жените:

1.Насмевка
2.Смисла за хумор
3.Внимателност
4.Великодушност
5.Интелигенција
6.Сочувствителност
7.Способност да направи шега на своја сметка
8.Дрскост
9.Љубов спрема семејството
10.Цврсто тело
11.Внимателност
12.Малку предолг поглед
13.Страственост
14.Цврсти подлактици
15.Добар однос со деца
16.Позитивност
17.Добар изглед во костум
18.Доверливост
19.Широки рамења
20.Неколку дена стара брада


20 работи неодоливи за мажите:

1.Убаво тело
2.Деколте
3.Смисла за хумор
4.Широка насмевка
5.Прифаќање на нивниот хумор
6.Хулахопки и халтери
7.Слатка насмевка
8.Убав мирис
9.Способност да се смеат на своја сметка
10.Самодоверба
11.Кратки сукњи
12.Чизми над колена
13.Изглед на девојка од соседството
14.Лукавост
15.Долги нозе
16.Оптимистичност
17.Особина на добра слушателка
18.Интелектуални разговори
19.Магичен поглед
20.Добро управување со пари

8.02.2010



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 15°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com