
Историчарите Хенрик Еберлe и Ханс-Јоаким Нојман во својата книга „Дали Хитлер бил болен?“, наведоа дека германскиот нацистички лидер за време на своето владеење земал дури 82 видови на лекови.
Историчарите со проучување на медицинските архиви и некои тајни документи потврдија дека Хитлер се згрозувал од таблети и во критичните моменти добивал инекции, а меѓу спомнатите 82 видови на различни лекови кои ги конзумирал имало и помали дози на метамфетамини, подоцна наречен Хитлеров спид, како и коктел од лекови од кои една била комбинација на сперма и секрет на жлезди од млад бик.
Имено, еден од проучуваните документи потврди дека Хитлер бил убеден дека секретите од бик се многу добар афродизијак затоа што се полни со тестостерон па ги конзумирал за што подобро да ја задоволи својата 23-години помлада сопруга Ева Браун.

Лекарите на Хитлер не сакале да му противречат, па му давале се што ќе посака.
Како и да е, ниту еден од лековите не дејствувал на неговата свест, затоа што Хитлер постапувал свесно, односно знаел што работи и бил свесен за последиците.
8.02.2010



























