
Украинскиот опозициски лидер Виктор Јанукович прогласи победа на претседателските избори, по пребројувањето на речиси 90 насто од гласачките ливчиња.
Изборната комисија рано изутринава соопшти дека по пребројување на 88 отсто од гласачките ливчиња, Јанукович освоил 48,45 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка на изборите, актуелната премиерка Јулија Тимошенко 45,80 проценти.
Изборниот штаб на Тимошенко одби да го признае поразот, тврдејќи дека разликата е премала. Се проценува дека Тимошенко ќе се обиде законски да ги оспори резултатите од изборите.
Доколку се потврди победата на Јанукович, Украина, по пет години владеење на проевропската коалиција, повторно ќе се врати под закрила на Русија.
8.02.2010



























