МВР нема информации дали Вранишкоски е странски шпион

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска нема информации дали расчинетиот владика на МПЦ, Јован Вранишкоски е шпион на грчките и српските разузнавачки служби.

Јанкулоска не е запознаена дали Вранишкоски добил дозвола за носење оружје од битолската полиција, како што обвини Народното движење на Македонија минатата недела.

„МВР не би требало и не би смеело да се впушти во реплики на секоја политичка партија. Прашањата кои се од значење за безбедноста на Македонија се наша секојдневна работа и ние со нив се занимаваме во редовна процедура“ рече Јанкулоска.

„Доколку оцениме дека има потреба да ја информираме јавноста кога станува збор за државната безбедност тоа ќе биде направено, но не на база на прозивки на политички партии и меѓусебни обвинувања“ додаде Јанкулоска.

Инаку, Вранишкоски вчера држеше Богослужба во Јовановата црква во Нижеполе. Тој уште не може да добие правен легитимитет во Македонија. Последната одлука на судот за него била уште еден доказ дека ние како земја сме биле далеку од демократијата.

„Моите настапи се јавни. Шпионите обично работат по други методи, конспиративно и не се покажуваат. Значи малку е неспоиво и затоа ми изгледа непристојно да одговарам на прашање кое само по себе е нелогично. Второ, можеби уште посуштинско е прашањето што може да се шпионира од Македонија за другите. Трето, каков пристап јас имам последните седум години со некакви служби во Македонија па да можам да поделам некакви тајни?“ изјави вчера Вранишкоски.

Тој и неговата црква се за лустрација и на црковните лица во Македонија.





Copyright 2010 Makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Makfax

8.02.2010



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 14°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com