
Составот на Карло Анчелоти не му дозволи на Mанчестер Јунајтед да го преземе врвот во Англија и со победата во лондонското дерби пак се врати на лидерската позиција.
’Сините’ притиснаа уште во стартните минути, а во 23 минута веќе беше поставен конечниот резултат. Јунак на Челзи беше Дидие Дрогба!
Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска во 8 минута се најде на вистинското место по ударот со глава на Тери и од само 2 метри ја закова топката во голот на Алмунија.
Дрогба во 23 минута го постави конечниот резултат, кога по контрата организирана од Лампард ја искористи лошата ротација на одбраната на Арсенал и ’крвнички’ погоди за 2-0.
До крајот на мечот Топџиите имаа иницијатива, но сепак не ги искористија неколкуте шанси кои ги имаа за гол, ако ништо друго барем за да го намалат резултатот. Сепак треба и да бидат среќни што не доживеаја дебакл затоа што Дрогба во вториот дел од слободен ја погоди и рамката од голот.
Видете ги најинтересните моменти!
Sportski.mk/Таратур
8.02.2010




























