Селекторот Јонуз е задоволен од тешката група

„Друго се очекувањата, денеска добивме тешка група но и група која може да ги задоволи нашите критериуми за пласман чекор напред со освојување на некои од првите две места.“

„Противниците се солидни, квалитетни и вистински предизвик за нас, но и противници со кои можеме да ги постигнеме посакуваните резултати“, изјави селекторот Јонуз за официјалниот сајт на ФФМ.

„Реално аутсајдер е Андора, додека сите останати селекции, вклучувајќи не и нас можат да се најдат на првите три места на табелата. Русија е секако фаворит број еден и ’ранетиот лав во групата’ по елиминацијата од настапот на СП во Ј.Африка, но тоа значи и противник кој може да се изненади.“

„Останатите противници не би ги анализирал посебно. Со некои од нив во блиско минато игравме и подобро ги познаваме, против Ирска и Словачка исто имаме настапи но од поодамна. Работите сега се променети, наше е да се мобилизираме правовремено, да ги подготвиме играчите за успешни игри, да стекнат уште поголема доверба во своите можности.“

„Ќе се подготвуваме за секој натпревар посебно. Во целост задоволен сум од противниците ако се знае дека извлекувањето беше полудиригирано. На прв поглед можеби има и полесни, но сигурно и потешки групи. Останувам на ставот дека имаме квалитет, имаме потенцијал и се ќе зависи од нашата форма, подготвеноста на играчите, нивните стандардни игри во тимовите и се разбира подршката од јавноста и нашите фанови.“

„Група во која имаме реални шанси да се надигруваме и да освоиме едно од првите две места во групата. Нема финансиски ефект како што посакувавме, но мислам дека добивме група која реално ни дава шанси да го направиме најголемиот успех досега“, вели селекторот Јонуз.

„Одлична организација на настанот во Варшава. Посакувам нашите репрезентативци да бидат во натпреварувачки ритам. Веќе имаат големо искуство и да го искористат тоа за добар резултат“, изјави веднаш по извлекувањето претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески.

„Вака гледајќи ја групата задоволен сум бидејќи резултатот ни е во прв план. Верувам дека оваа генерација генерација фудбалери ќе го даде максимумот и сите заедно со подршка на целокупната јавност ќе ја оствариме целта.“

„Во продожение ќе следува договор за распоредот на одигрувањето на квалификациските средби. Знаејќи ја состојбата со Националната арена Филип Втори кој е во состојба на градба и без осветление ќе се обидеме да договориме во првите термини да гостуваме и да обезбедиме доволно време за доградба на арената за да може натпреварите како домаќини да ги играме пред нашата публика. Се надевам дека сите структури ќе го дадат максимумот и Националната арена во целост ќе ја подготвиме и благовремено за стартот на квалификацискиот циклус.“

Распоредот на натпреварите ќе биде договорен на 18 февруари во Москва.

7.02.2010



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 17°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com