Како подарок за шестиот роденден, Фејсбук денеска го претстави и новиот дизјан на најпопуларната друштвена мрежа. Откако вчера известивме за шестиот роденден на Фејсбук, најпопуларната друштвена мрежа на светот не изненади со нов дизајн.
Од синоќа на корисниците на Фејсбук им е достапен новиот дизајн со неколку промени. Освен визуелни промени има и некои функционални за полесно снаоѓање и работење.
Полето за пребарување сега е поголемо и е сместено на средината на работната површина, додаден е полесен панел за контролирање на апликациите, посредени се известувањата и уште многу други промени.
Но, освен тоа, Марк Цукенберг на официјалниот блог на Фејсбук извести за уште едно достигнување. Тие ја преминале границата од 400 милиони корисници и сега се убедливо најпопуларна друштвена мрежа во светот.
5.02.2010



























