
Ситните поправки и преместувањето на тешките предмети се задачи за кои е потребна машка рака, но за тоа не е потребно да сте во брак. Мажите кои можат да го доведат вашиот дом или автомобил во ред може и да се изнајмат.
Владимир Симик од Брно, Чешка уште во 2005 година го започна овој необичен бизнис. Тој изнајмува мажи кои ќе ви дојдат дома да ви извршат работи кои не можете или немате време да ги направите, а се поевтини од класичните мајстори.
Откако започна економската криза и следеа откази, бројот на мажи кои сакаат да работат по домовите се зголеми.
’Машка помош на одредено време’ најчесто бараат разведени или постари жени, но и вдовиците. Но, има и значителен број мажени жени кои изнајмуваат ’мажи’, бидејќи нивните не се баш вешти во извршувањето на домашните обврски.
Цената се движи од 10 до 14 евра од час.
5.02.2010
































