
Пежо 408 е претставен на саемот за автомобили во Пекинг, и е наменет за пазарот во Кина.
Иако Пежо е само пет години присутен на овој пазар, во 2009 година продаде 410.000 автомобили и со тоа ја зголеми продажбата за 44% во однос од 2008 година.
Пежо 408, наследникот на моделот 308, креиран е со заеднички сили на француски и кинески дизајнери и задоволува три цели: ја претставува модерноста на брендот, обезбедува максимална сигурност и нуди удобност во внатрешноста.

Долг е 486 сантиметри и ги задоволува сите стандарди на кинескиот пазар, на кој лимузините се поомилени од малите возила. Пежо очекува пораст на продажбата од 30%.
Моделот 408 се произведува во фабриката во Вухан, а планирана е годишна продажба на 100.000 автомобили.
5.02.2010

































