Погледнете како ќе изгледа Скопје во 2014

Со споменик на најголемиот македонски јунак од антиката - великиот Александар, православен храм, порта Македонија и многу други знаменитости!

Целосна промена на центарот на Скопје се предвидува со проектот „Скопје 2014“, презентиран денеска. Изградба на Православен храм, споменик на Александар Македонски качен на коњ на висока фонтана се дел од триесетината објекти што со овој проект се предвидени да се изградат, пренесува Макфакс.

На кругот на плоштадот Македонија е предвидено изградба на фонтана, на која се планира поставување на споменик на Александар Македонски качен на коњ. За поставувањето на споменикот не е даден конкретен рок, иако беше дел од денешната видео презентација.

На локацијата меѓу трговскиот центар „City Gallery“ и ресторанот „Пелистер“ е предвидена изградба на Православна Црква „св.Константин и Елена“. Земјиштето е доделено на МПЦ-ОА и се чека одлука од нив кога ќе започне изградбата на црквата.

Со проектот, на местото на некогашниот Офицерски Дом е предвидена изградба на зграда на градската администрација, во која покрај градоначалникот и администрацијата на Град Скопје, ќе има Сала за венчавање.

Фасадите на постоечките згради што гравитираат околу плоштадот ќе се реновираат и ќе добијат унифициран изглед.

„Имаме чувство дека сме донесени пред ѕид и треба да се произнесеме за што сме: барок, класицизам, неокласицизам, романтизам. Ќе потенцирам - архитектонското дело е лично видување на авторот. Слободно може да истакнам дека сите овие објекти од областа на културата кои се во градба со целокупната организација на внатрешниот простор ги задоволуваат карактеристиките на модерни градби“, изјави министерот за култура, Елизабета Канчевска - Милевска.

До Плоштадот ќе се стигнува преку портата ’Македонија’, што ќе се изгради лево од зградата на ЕВН Македонија.

Со проектот, во центарот на Скопје е предвидено поставување на споменици на Методија Андонов - Ченто, Цар Самоил, Јустинијан Први. До Камениот мост на големи постаменти ќе се најдат спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев. Подготовките за нивната изградба започнаа денеска.



„Скопје е главен град во кој треба да се чувствува духот на историјата и културата на Македонија, а тоа најдобро ќе го направиме со оддавање почит на оние кои тоа го создале“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ.

Во проектот е вметнат и деловниот центар што во моментов се гради на местото на некогашната Народна Банка, а од спротива пред зградата на МЕПСО е предвидена изградба на хотел од познат светски ланец.

Пред зградата на Собранието на Македонија ќе никне споменик на Никола Карев, качен на коњ. Отспротива, во паркот „Жена Борец“ се предвидени споменици на основачите на ВМРО, президиумот на АСНОМ, на паднати херои, и на Бранителите. Зградата на Собранието ќе добие дополнителен кат и купола.

На реката Вардар е предвидена изградба на два нови мостови. Веднаш до Камениот мост ќе никне мостот „Око“ со 28 скулптури, а подоле по течението ќе биде изграден “Мост на уметноста“, на кој ќе се најдат скулптури на Тоше Проески, Браќата Миладиновци, Кочо Рацин, Глигор Прличев, Никола Вапцаров, Ацо Шопов, како и уметници од етничките заедници. Во самата река ќе бидат поставени неколку фонтани.

На левата страна од Вардар е предвидена изградбата на Стариот театар, Музејот на Македонската борба, Македонска филхармонија, Министерство за Надворешни работи, колонада „Независна Македонија“ и зграда во која ќе бидат сместени Уставниот Суд, Државниот Архив и Археолошкиот Музеј, Агенција за електронски комуникации. Голем дел од овие институции досега работеа во изнајмени простории.

Во „Скопје 2014“ е опфатена и ревитализацијата на Скопското Кале. Под него, меѓу мостот Гоце Делчев и Владата е предвидено поставување на два лавови, за кои подготовките за изградба ќе започнат во претстојниот период.

Целокупниот проект е предвидено да се реализира до 2014-та година.



Таратур/Макфакс

4.02.2010



Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 14°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com