
Се ближи Свети Валентин, денот кој некои одвај го чекаат, а некои побрзо би го преспале. Секоја година е така, но новоста е еден ресторан кој на тој ден ги повикува заљубените на секс во нивното ВЦ.
Ресторанот Mildred’s Temple Kitchen ги повикува гостите на вечера на Свети Валентин и на секс во раскошните тоалети.
Ресторанот кој се наоѓа во Торонто ги промовира своите модерни ВЦ-а како место кои ќе стане едно од 101 место на кое треба да имате секс пред смртта.

Повикот кој се наоѓа на службената страница од ресторанот многу е експлицитен:
„Дали сте размислувале да се тргнете од својата спална соба? Погледнете во секси вецето од ресторанот Mildred’s за време на Св. Валентин. Јасно ви е за што зборуваме“.
Ресторанот има четири тоалети, а светлечкиот сигнал кој се наоѓа надвор од ВЦ кажува дека е зафатено.
Ресторанот во понудата нема презервативи, па гостите за тоа мораат сами да се погрижат.
4.02.2010



























