
Студент на еден факултет во североисточна Шпанија, сакал да се пошегува со колегите и професорите, па пошол среде настава преправен како Рамбо!
22-годишниот студент по име Иван се појавил на факултетот во местото Игуалада, североисточна Шпанија, облечен во маскирна униформа и ’наоружан’ со пластична пушка и лажен револвер.
Шегата, меѓутоа, била сфатена многу сериозно и набрзо по него дошле полицајци опремени со непробојни панцири и го одвеле во полициска станица.
„Мојата шега беше прилично опасна поради се што се случуваше во другите земји“, призна Иван, мислејќи на нападите кои се случуваа во училиштата низ светот. Тој поради несолената шега е исклучен од училиштето на две недели, рече претставник од факултетот, додавајќи дека се работи за ’мирен и непроблематичен студент’.
28.01.2010


















Малкумина се оние кои себеси можат да си дозволат било каков стан во Лондон, а да не зборуваме за оној најскапиот и најлуксузниот во цела Велика Британија. Меѓутоа, има и такви среќници кои можат да ’издвојат’ вртоглави 65 милиони фунти од својот домашен буџет и да го купат токму тој, најскап и најлуксузен стан во Британија, кој се наоѓа во самиот центар на Лондон.






