
Неодамна се појави снимка на која јасно се гледа американски борбен авион Ф-18 и непознато летало за кое се верува дека е НЛО. Познавачите на НЛО појавите веруваат дека ова е уште еден доказ дека владите знаат многу повеќе отколку што признаваат.
Мистериозното летало, кое воопшто не изгледа застрашувачко, здогледано е на небото на САД, додека нивните суперсонични ловци Ф18 патролираа во воздушниот простор.
Споменатиот авион бил на вежба кога недалеку од себе го здогледал НЛО леталото во облик на триаголник како лета со голема брзина.
Но, наместо да употреби сила и да отвори оган на непознатото летало (што е вообичаена постапка), кога го нарушува воздушниот простор, пилотот прелета околу него, добро го погледнал и го одмина. После тоа НЛО исчезна од видикот.
Некои тврдат дека оваа снимка докажува дека вонземјаните сепак постојат, а некои тврдат дека станува збор за некоја нова Hi-tech играчка, како оние кои се тестираат во американската база со предзнак 'Top secret' кодното име “Ареа 51”. Трети пак, наведуваат дека се работи за обична монтажа.
Но, еден од изворите кој сакаше да остане анонимен изјави: „Конфигурацијата и самиот изглед на леталото е нешто што никогаш не сум го видел во животот. Но, леталото сепак користело запаливо гориво, па така мислам дека се работи за некој прототип”.
15.12.2009


















Малкумина се оние кои себеси можат да си дозволат било каков стан во Лондон, а да не зборуваме за оној најскапиот и најлуксузниот во цела Велика Британија. Меѓутоа, има и такви среќници кои можат да ’издвојат’ вртоглави 65 милиони фунти од својот домашен буџет и да го купат токму тој, најскап и најлуксузен стан во Британија, кој се наоѓа во самиот центар на Лондон.






