
Во масовната тепачка во парламентот на Јужба Кореја, мажите си маваа шлаканици, а жените си ги кубеа косите. Некои парламентарци завршија в болница. Видео!
До општа тепачка дојде додека се гласал законот за ублажување на рестрикциите за сопственичките удели во медиумите.
Прво застапниците на владејачката Голема национална партија ја окупирале говорницата за полесно да се изгласа законот. Тогаш и опозиционерите влегоа во игра, насила го зазедоа местото на спикерот, а нивните сопартијци надвор со маси и столици се обидоа да го забарикадираа влезот во Главниот дом на Парламентот.
Набрзо парламентот потона во хаос, кој прво почна со пцовки, урлање и вриштење, а потоа полетаа и шлаканици. Ни застапничките не заостанаа кубејќи си ја косата една на друга. Една парламентарка дури била влечена за коса по подот, јавува Ројтерс.
Полицијата, надвор од Парламентот запре околу 200 активисти на медиумскиот сојуз кои сакаа да протестираат. Јужнокорејската телевизија ЈТН објави дека некои лица беа повредени за време на хаосот. Според опозицијата, овој потег е политички трик кој се стреми да го зголеми про-владиното влијание врз медиумите.
Ваквите сцени не се необични за длабоко поделената јужнокорејска политичка сцена. Покрај другото, тие не мора да влегуваат во ЕУ, за да ги караат за несовесно однесување. :)
22.07.2009



























