
По повод 40-годишнината од спуштањето на првите луѓе на Месечината во склоп на проектот Аполо, поборниците на теориите на заговор тврдат дека такво слетување никогаш не се случило.
Во својата аргументација наведуваат десет докази кои ги поткрепуваат нивните тези дека извештајот за слетувањето на Месечината е лага на владата на Никсон.

1. На фотографијата која ги прикажува двајцата астронаути во моментот кога го поставуваат американското знаме како знак на ’освојување’ на Месечината, знамето се виори, а познато е дека на Месечината нема ветер.
2. На ниедна фотографија направена од американските астронаути, на Месечината не се видливи ѕвезди.
3. Фотографиите кои го прикажуваат моментот на слетување на леталото не прикажуваат кратер кој би требало да настане под него од притисокот при слетувањето.

4. Леталото кое слета на површината на Месечината тежи 17 тони, а неговото слетување не остави никаков отпечаток на песокот. Истовремено, стапките на астронаутите кои одат по површината на Месечината оставаат видливи документирани траги.

5. Отпечатоците на стапалата на астронаутите во фината месечева прашина се неочекувано добро зачувани како да се втиснати во влажен песок, иако на Месечината нема ни влага, ни атмосфера, ни гравитација.
6. Во моментите кога леталото полетува од Месечината зад него не се гледа никаков ракетен пламен.
7. Снимката на прошетката на астронаутите по површината на Месечината изгледа како компјутерски успорена прошетка по Земјина површина.
8. Астронаутите не ќе можеле да го преживеат патувањето на Месечината заради изложување на радијација од Ван Аленовиот појас на електричен напон.
9. Камењата кои се донесени од Месечината имаат ист состав како камењата од научните експедиции на Антарктик.
10. Сите шест слетувања на американските експедиции на Месечината се случија за време на Никсоновата администрација. Потоа, во наредните 40 години и покрај забрзаниот технолошки развој, не е забележано ниту едно слетување!
16.07.2009



























