Епска трка на великаните!
Епска трка на великаните!
Вистински деликатес за сите кои обожаваат брзина, луди и скапоцени автомобили! На едно место Lamborghini Aventador, Lexus LFA, McLaren MP4-12C и Bugatti Veyron Grand Sport.
Со ваква убавица и на Диктаторот не му е лесно
Со ваква убавица и на Диктаторот не му е лесно
Диктаторите живеат живот на висока нога. Опкружени со луксуз, богатство, но и убавина. По тој принципе се води и Саша Барон Коен кој, како Диктатор, не сака да заостанува зад овој тренд.
Две жени на паркинг!
Две жени на паркинг!
Задоволство за сите сеирџии е кога ќе објавиме видео на кое жена паркира. А, вистинска премија би било кога би имале видео на кое две жени паркираат во исто време на ист паркинг! :)
Видео: Чудовиште во Преспанско езеро!?
Видео: Чудовиште во Преспанско езеро!?
Британскиот национален сервис „Би Би Си“, емитуваше репортажа за можно чудовиште во Преспанското Езеро, мотив да се направи репортажата била една фотографија од анонимен пар, кој се фотографирал крај езерото.
Во бродот им скокна баракуда од 18 kg!
Во бродот им скокна баракуда од 18 kg!
Тројца рибари од Флорида беа видно изненадени кога во нивниот брод од кој ловеа риби во морето одеднаш од истото им скокна баракуда тешка 18 килограми.
Епска трка на великаните!Со ваква убавица и на Диктаторот не му е лесноДве жени на паркинг! Видео: Чудовиште во Преспанско езеро!?Во бродот им скокна баракуда од 18 kg!
Актуелно
Албанец се обидел да поткупи македонски полицајци: Еве ви 50 евра да се почестите!
17 Мај 2012
Четириесет и деветгодишниот А.М, жител на Драч, Албанија, се обидел да поткупи македонски полицајци во Охрид, кога тие го запреле да го казнат поради пречекорување на дозволената брзина на возење. Кога тие го запреле, тој почнал да им ја објаснува ситуацијата, по што по некое време во службените документи им ставил банкнота од 50 евра, велејќи им дека сака да ги почести. Откако го направил тоа, тој се обидел да си ги земе личните документи назад, кои претходно му ги одзела полицијата, по што бил спречен во намерата од полицајците. На крајот, туристот завршил со кривична пријава, притвор од 48 часа и со своите 50 евра, на кои им додал уште 250 за да си ја плати и казната.
Прогласени македонските Супербрендови
17 Мај 2012
Четириесет и три македонски компании добија признание за Супербрендови за 2011/2012 година. Според строгите критериуми од страна на стручно жири кое го сочинуваат високи претставници на бизнис заедницата и самите потрошувачи за супербрендови на Македонија за 2011/2012 година се прогласени: Аџибадем Систина, Авалон продукција, Бадел 1862, Баскер фест, Браво, Витанез, Випро, Гора, Горска, Дизајн фантазија, Дуна компјутери, ДХЛ, Евн Македонија, Европа, Еуро-фарм, Жи-Ва, Жито Лукс, Здравје Радово, РЗ Инфомедиа - Златна книга, Идивиди, Капитал, Каролина, Круна МС, Леов компани, Мc Donald’s , Нептун, Playboy Македонија, Фармацевтска компанија Плива, Порше Македонија, Прототип, Семос Едукација, Securicom, Винарска визба Сковин, Скопски саем, Стопанска банка, Swisslion, Теа модерна, Телекабел, Тобако, Томато Продукција, Универзитет Американ колеџ, Цевитана, City радио. Министерот за економија, Ваљон Сараќини, на вчерашното доделување, изјави дека признанијата се доказ за добрата репутација и конкурентноста на компаниите, но воедно и поттик за другите да ја постигнат оваа цел. Оваа година во Македонија за прв пат беше прогласена и личност за Супербренд. Признанието за Супербренд на Македонија го доби најдобрата македонска пејачка Каролина Гочева. Првите активности на Супербрендс започуваат во Лондон 1994 година со радиска емисија на „Би-Би-Си“ Лондон која имала за цел да им овозможи на потрошувачите увид во марките кои се достапни во нивниот секојдневен живот. Денес Супербрендс е присутен во 92 земји и соработува со повеќе од 20.000 светски признати брендови и компании. Веќе од денес започнува гласањето за новите Супербрендови 2013/2014.
Можностите за инвестирање во Македонија пред бизнисмените во Шангај
17 Мај 2012
Македонската владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, која е во неколкудневна посета на Кина, денеска на бизнис форум во Шангај ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија. Покрај учеството на бизнис форумот, владината делегација ќе ја посети и ќе има средби со менаџментот на компанијата „Хуавеј“, чиј делокруг на работа е информатичко-комуникациска технологија. Посетата на Народна Република Кина, владината делегација ја завршува утре со презентација на инвестициските можности на Македонија на бизнис форумот во Хонг Конг. Во рамките на посетата на овој град, премиерот Груевски ќе оствари средба со Доналд Цанг, извршен шеф на Специјалниот административен регион на Хонг Конг. Вчера за време на бизнис-форумот во Ченгду беше направена презентација на македонските вина на голем број дистрибутери во Кина, при што еден од најголемите од нив што има преку 600 продавници - дистрибутивни центри во Кина најави дека со сите девет винарии од Македонија ќе потпише договор за извоз на македонското вино од Македонија во Кина. Фу Сјуе Ју, претседател на кинеска дистрибутивна винска компанија која за потребите на Кина увезува вино од целиот свет и која има повеќе од 600 дистрибутивни единици, на презентација и дегустација во рамки на бизнис форумот во Ченгду, изразил особено задоволство од квалитетот на македонските вина и покажал сериозен интерес за продлабочување на соработката со македонските компании. Во рамки на форумот беа остварени состаноци со повеќе компании од областа на енергетиката, електро и градежната индустрија, недвижностите, како и транспортните системи. Сите се согласиле дека е доволно интересно да дојдат во Македонија и да ги продолжат разговорите за реализирање на некои од потенцијалните инвестиции кај нас.
Шоу бизнис
Џеј Ло и Опра Винфри најмоќни славни личности
17 Мај 2012
Списанието Форбс ја прогласи американската пејачка и актерка Џенифер Лопез за најмоќна славна личност на светот. 40-годишната пејачка и актерка Џенифер Лопез се наоѓа на првото место од листата на најмоќни славни луѓе на светот која ја состави списанието Форбс. Веднаш зад неа, на второ место се наоѓа Опра Винфри, а на третото е младата ѕвезда Џастин Бибер. Лопез го доби највисокото место благодарение на заработените 52 милиони долари во изминатите 12 месеци, големата слава која ја стекна како пејачка, поради учеството како жири во шоуто American Idol и поради својата отвореност. Поп ѕвездата Лејди Гага, која минатата година ја понесе титулата најмоќна славна личност на светот, оваа година се наоѓа на петтото место. Листата од Форбс е составена на основа на два главни параметри – заработените пари и стекнатата слава во изминатата година. Славата се одредува според медиумското присуство на личноста, а не само во традиционалните форми како весниците, радиото и телевизијата. Голема улога тука имаат и социјалните мрежи. Заработката на славните е пресметана за периодот од 1 мај 2011 година до 1 мај 2012 година. Таа не ги вклучува трошоците за менаџмент, агенти и адвокати. Вака изгледа пописот од Форбс на десетте најмоќни славни личности за изминатите 12 месеци: 1.Џенифер Лопез 2.Опра Винфри 3.Џастин Бибер 4.Риана 5.Лејди Гага 6.Бритни Спирс 7.Ким Кардашиан 8.Кети Пери 9.Том Круз 10.Стивен Спилберг
Хакерите: Ким Кардашиан е симбол на плитката американска култура
17 Мај 2012
Биографските податоци на американската старлета Ким Кардашиан на страницата IMDB.com е хакирана, а на нејзина сметка се упатени многу навреди и понижувања. Оригиналната биографија на Ким Кардашиан беше заменета, во најмала рака, со лоши изјави за нејзината кариера. Кога хакирањето беше забележано, замената набрзо беше отстранета од страницата. „Ким Кардашиан е симбол на плитката и евтина американска култура во првите две десетлетија од новиот милениум. Додека некои културолошки критичари, ја сметаат за претставничка на групата личности со лажна слава, Ким заедно со Парис Хилтон се нов вид на ’мачки’ чија слава доаѓа после објавувањето на нивните приватни порно снимки и мудро искористување на стекнатиот публицитет. Контроверзните снимки на Ким и Парис не им донесоа срам, туку слава. Америка, исто како стариот Рим, ги има отфрлено моралните вредности и доблести на републиката, па сега ужива во срамот“, пишуваше во биографијата на планетарно популарната Ким. На страницата се наведени и славни личности кои ги критикуваа семејството Кардашиан, вклучувајќи ги и Даниел Крег и Џон Хем. Ким е опишана како метафора за социо-економско-културна несреќа во Вашингтон и ширум земјата, каде ситуацијата ја движат неморалните проститутки во кревет за пари.
Филм за ликот и делото на Стив Џобс
17 Мај 2012
Оскаровецот Арон Соркин работи на сценариото за филмот што ќе се снима за ликот на Стив Џобс, а кој ќе го продуцира компанијата Sony Pictures, пренесуваат американските медиуми. Филмот ќе се базира на авторизираната биографија на Стив Џобс од авторот Волтер Исаксон. Соркин, автор на серијата Западното крило и добитник на Оскар за филмот Социјална мрежа во 2011 година, беше одбран за сценарист на претстоечкиот филмски проект. „Нема холивудски автор кој подобро од Соркин ќе го опише така инзвонредниот живот на Стив Џобс“, изјави претседателката на Sony, Ејми Паскал. Филмот ќе го режира Џошуа Мајкл Стерн, а со главната улога се поврзува името на акетрот Ештин Качер, иако тоа не е официјално потврдено. Џобс, основач и движечка сила на Apple, почина во октомври на 56-годишна возраст.
Видео Клипови
Две жени на паркинг! Слатко кученце се шета како човек Такси пропадна под асфалт Скокови од кои ќе ви замрзне крвта Маче си го пие утринското кафе Упс! Видете што има убавата водителка меѓу нозете! Кој би рекол дека ќе му љубомориме на кученце Пошумување на пастрмка Па што ми давате такво?! Се шегуваше на сметка на туристите Урнебесно лош возач... жена возач! :) Го уплаши голем диносаурус Ако одам во Битола, ќе прошетам по Широк сокак... Ја воодушевија милионската публика ’Те молам, држи ме за рака’ Типкиве скејтаат ко луди Кога ќе ти стават ’нешто’ во лимонот Неодоливо слатко маче - будилник! Дали го разбирате јазикот на бебињата?! Кражба на велосипед пред Бајкстоп Само сакаше да биде ‘cool’ Како тато реагира на death метал Запалка со кинески квалитет Слушнете ја Калиопи и дајте и воис плиз! Чудесни тркови со чад од цигари Му се спие, му се плаче Видео: Бикинито на Борат конечно и за жени! Прашањето е ЗОШТО? Еве зошто не треба да се опуштате до кола со затемнети стакла Реклама од 1923 Македонските паркур мајстори - Баге и Гаго! Што ми поставуваш такви глупи прашања? Кошарка на тркала Шетаа на плажа и го снимија ОВА! Супер Марио во брутална верзија Неверојатен ’висечки’ млаз вода Чудесниот Нокиа лифт Нека паѓаат и секири, многу му е гајле! Осумгодишната Фитри Серадо со гласот ќе го покори цел свет Лудото куче-гимнастичар! Ваква брза храна немате видено досега! Шибај мајсторе! За малку ќе ја треснеше... Научнички мајтап Брутална лекција заради глупавост Која телекинеза! Кршењето никогаш не било позабавно Смешни, разиграни и слатки Водителски маки големи Чудните автомобили на руската полиција
Земјата на чудата
Играчки од пеколот!
Играчките се важен дел од развојот на детето. Со помош на истите детето учи да развива разни вештини. Исто така, важно е да се одберат играчки кои ќе соодветствуваат на возраста од детето. Играчките кои ви ги претставуваме на фотографиите не само што не соодветствуваат со возраста на ниедно дете, тие не соодветствуваат со луѓето, воопшто. Кој и да ги смислил овие пеколни играчки, мора не да нема никакво чувство за деца и значење на играчките за истити, туку воопшто да нема никакво чувство. Погледнете.
Кралскиот дијамант Beau Sancy продаден за 9,7 милиони долари
Еден од најстарите и најславни дијаманти на светот, Beau Sancy, на аукција во Женева беше продаден за 9,7 милиони долари. Тој 35-каратен скапоцен камен го има носено Марија де Медичи при нејзиното крунисување за Кралица на Франција во 1610 година. Оттогаш беше сопственост на многу европски кралски семејства, кои го користеа за да го покажат своето богатство, но и да ги плаќаат своите долгови. Продажбата на крушковидниот дијамант Beau Sancy предизвика жесток натпревар на понудувачите. На крајот го доби купувач чие име остана анонимно, пренесува ВВС. „Исклучителна реткост е дијамант со толкава важност да се најде на пазарот“, изјави Дејвид Бенет од Sotheby’s. „Досега овој дијамант не бил надвор од кралски раце, има беспрекорно потекло и се најдува во историските книги за славни накити“, додаде тој. Откако го носеше Марија де Медичи, дијамантот беше во сопственост на ’кралицата на Шкотите’ Мери Стјуарт која го заложи за да ја финансира борбата на својот брат, идниот крал Чарлс II, за англискиот престол после Англиската граѓанска војна.
Се правеше фраер и го слупа скапиот Ламборџини
Тип од Чикаго изведе вистинско шоу за останатите возачи на крстопатот додека чекаше на семафорите од истиот. Возачот на скапиот Ламборџини Гаљардо ги изгуби нервите додека стоеше на црвено светло на еден крстопат, а кога конечно се вклучи зеленото светло сакаше да ја покаже целата моќ на своето луксузно алуминиумско милениче. Но, како што тоа обично се случува кога некој сака да се прави важен, фраерот длабоко се посрамоти и едновремено веројатно го оштети својот скап автомобил. Имено, наместо прописно да ја фати кривината, тој ’елегантно’ се закачи во два други автомобили кои стоеја од страна.
Сага за сендвичот
Го јадеме веќе 250 години, а целата приказна започна со едноставно барање од грофот Џон Монтагју да му се стави месо помеѓу две парчиња леб за да може истовремено да јаде и да се карта. Сендвичот е едно од најпрактичните јадење направени било кога и најчесто го консумираме кога немаме време да седнеме и да изедеме нормален оброк во чинија. Истовремено, тој е и коренот на брзата храна која денес сè повеќе ја има во изобилство. Помеѓу две парчиња леб ставате сè што ви се јаде доколку би седнале да јадете нормален оброк, па оттука, постојат разни видови сендвичи кои содржат место, зеленчук, сирење, намази и слични додатоци и деликатеси. Иако ретко размислуваме за тоа и уште поретко го споменуваме, сепак, треба да му бидеме благодарни на грофот Џон Монтагју од Сендвич што бил нестрплив, гладен и зависен од играње карти, па на своите слуги им нарачал на брзинка да му стават месо помеѓу две парчиња леб за да не го запостави картањето додека јаде. Денес сендвичите се омилената ’брза храна’ за луѓето од сите култури и на сите страни од светот, а изборот е огромен помеѓу бескрајно многуте комбинации и видови. На ова ултрапопуларно јадење вчера му беше 250-от роденден, па во таа чест, ако вчера сте заборавиле, можете денес да изедете еден добар сендвич во име на истиот и неговата историја.
Се спрема како да ќе скока во Големиот кањон
Кој го има искусено чувството при изведувањето на банџи скок, знае дека за таквиот чин треба многу храброст, а кога ќе се одлучите да отскокнете од платформата, срцето ви се ’заглавува’ во грлото при слободниот пад. Типот од видеото, сепак, не стигна да го почувствува тој адреналин, имајќи предвид дека наместо слободен пад во воздухот од висина од неколку десетици метри, тој доживеа нешто сосема неочекувано. После неколку минути наговарање и бодрење од насобраната толпа, откачениот типац се одлучи да скокне од платформата на висина од само еден метар од водената површина. Се спремаше за скокот како да скока во Големиот кањон, но движењата и падот на крајот ја оправдаа смеата кај присутните.
Амди, црни Амди: Амди Бајрам бил црнец!
Без дискриминирање, ако Амди Бајрам припаѓа према црнците, тогаш што има вие да се смеете :)
Фото Галерии
Фасцинантни фотографии од ловците на грмови! Погледнете што прават кога вие не сте дома Апсолутни мајстори на камуфлажата Во вакви пози сите се неодоливи Кој од овие ’пастуви’ би го ’јавнале’ прв? Лек за сите болештини! Познати брендови и нивните логоа Марихуаната посигурна од кикиритки Серија бизарни и необјасниви фотографии Изгледаат како да ги колат, а не како да имаат секс Не бе, нема радикални исламисти во Македонија! Пусти мерак за сликање Галерија на тотално необјасниви фотки Кој би рекол дека е ваков развратник?!  Чистотата е половина здравје Работниот простор од директорот на Nike Фасцинантни минијатурни модели Како изгледа кога жените ќе претераат Никогаш доста од вакви газиња Од живи модели прави секси андроид фантазии Природни, бујни и расположени за јавање Гримасите на спортистите се најоткачени ! Како девојката го гледа твојот Фејсбук ѕид? Е, нормално дека ќе нема место Уметност за гурмани Индиско секојдневие - ние тоа едноставно не го разбираме! Ако сакате тетоважи 2 Фото: ’Пластиката на младоста’ сосема ги уништи! Фотографии од најубавите места на светот Кинеските фалсификати се врв! Заглавени во пријателство, а сакаат повеќе од тоа Паднати од небото само за вас Поради нив овие фотки се урнебесни Со сексипил ги скротуваат брановите Пуста желба да се биде секси Бугарски велосипедски маки големи На овие дечиња не им е лесно Фото: Чисто ѓубре или корисни изуми? Ако овие не ве насмеат, не знаеме кој Време е за бањање! Фото: Кој не би зјапал во нив? Јавен превоз и сé е можно Чаре? Еве ги најсилните жени на светот Time: Најдобри ’разголени’ насловни страници Фото: Најдобриот пријател на секоја секси жена Мачиња и кучиња облечени како луѓе За која филмска улога би бил совршен Папата? Збогум детство! Марија Мареј прави прекрасни фотографии на бебиња
Живот
Кој месечари и поради што
Утврдено е дека кон месечарење најмногу се склони лицата кои имаат прекини на дишењето во сонот, оние кои страдаат од несоница, алкохоличарите и оние кои земаат средства за спиење. Речиси секој трет жител на САД некогаш во животот имал проблем со сомнабулизмот (месечарењето), а зголемен ризик од овој феномен се регистрира кај оние кои имаат проблеми со сонот или кај тешко депресивните луѓе, констатираат експертите од Истражувачкиот центар за епидемиологија при Универзитетот Стенфорд. Во анкетата направена на 16.000 возрасни Американци од 15 сојузни држави, околу 29% од испитаниците изјавија дека месечареле барем еднаш во животот, блиску 3% тоа го прават еднаш месечно до еднаш годишно, а 1% месечарат најмалку два пати месечно. Учесниците во анкетата беа испитувани за нивниот начин на живеење и навиките во спиењето, како и за тоа дали страдаат од било какви пореметувања на сонот, ментални или други проблеми, вклучително и сомнабулизам. Со истражувањето беше утрврдено дека од кон месечарење најмногу се склони оние лица кои страдаат од феноменот прекинато дишење во сонот, луѓето кои имаат несоница, алкохоличарите и оние кои консумираат средства за спиење. И оние кои страдаат од депресија се под зголемен ризик од месечарење, со тоа што не е јасно дали е тоа така поради користењето на лековите, како што се селективните инхибитори на серотонин, или поради самото заболување. Инаку, речиси третина од ’месечарите’ изјави дека во нивните семејства има и други такви случаи. Порано беше вржано мислењето дека месечарењето е вообичаено кај децата, а дека истото подоцна се повлекува. Меѓутоа, и кај децата сомнабулизмот е застапен во 30% од случаите. Месечарењето може различно да се манифестира – од зборување во сон, до станување од креветот. Проблем настанува кога месечарот ќе тргне по скали или ќе излезе од куќата.
На жените во плодните денови им паѓа критериумот при избор на партнер
Многу жени имаат прилично јасна слика за својот идеален маж, а некои од нив со еден таков и завршуваат во брак. Но, нивното поимање на совршениот сопруг и татко на нивните деца е многу пофлексибилен отколку што повеќето од нив мислат. Токму таа флексибилност зависи од нивниот месечен циклус. Во деновите кога жената е физички најподготвена да зачне и потенцијалните партнери и се чинат попривлечни. Таквите кандидати, во други денови веројатно би биле отфрлени како неприфатливи за семеен живот. Со други зборови, господинот ’погрешен’ станува господин ’вистински’. „Хормоните поврзани со плодноста се главни виновници за сè, затоа често се согласуваме на секс и љубов со погрешни личности. Наместо да ги посматраме како недоверливи, какви што и се, нам одеднаш ни се чини дека токму тие се нашиот вистински избор, дека токму таков бараме и дека токму тој ќе се претвори во совршен партнер, семеен човек и татко“, вели Кристина Дуранте, една од истражувачките. Дуранте направи фиктивен онлајн профил за средби на парови, односно профил на згоден и харизматичен скијач и маж со просечен изглед, но успешен сметководител. Потоа ги прашуваше младите жени за кој од нив двајцата сметаат дека е вистинскиот маж. Жените тестот го правеа два пати, еднаш за време на плодните денови и еднаш за време надвор од плодниот период. Резултатите од овој експеримент беа такви што мислењето на жените за сметководителот не се менуваше, но во плодните денови згодниот скијач добиваше поголеми шанси. Дуранте, инаку истражувачка од Универзитетот во Тексас, вели дека одеднаш господин ’погрешен’ се претвораше во оној вистинскиот.
Дали премногу очекувате од врската ?
Независно дали сме свесни за тоа или не, сите имаме одредени оечкувања кога станува збор за љубовните врски и односот со партнерот, и природно е да сакаме нешто од луѓето со кои го делиме животот. Исто така, нормално е врската помеѓу двајца луѓе да биде однос на взаемно давање и примање. Но, нашите очекувања често можат да отидат многу подалеку од дозволеното и да ги надминат можностите кои партнерот реално може и треба да ги пружи. Да речеме, често се случува да претпоставиме дека личноста со која сме во врска секогаш ќе биде романтично расположена, подразбираме дека нема право на лош ден, и дека секогаш ќе и бидеме на прво место. Иако тоа реално не е секогаш возможно, се слчува, кога ќе изостане реакцијата која сме ја очекувале, веднаш да почнеме да се сомневаме во во чувствата на личноста со која сме во врска, па дури и да почнеме да го преиспитуваме целиот однос врз основа на еден поединечен случај, реакција и слично. Ако сопствените очекувања ги доживувате како ’правилник’ кој вашиот партнер мора да го почитува во секој момент, лесно може да се случи набрзо да се разочарате, да бидете лути и повредени, иако за тоа веројатно нема реална причина, ниту пак имате право на толкава радикалност во односот. Во зрел однос мора да постои рамнотежа помеѓу она што го сакате и очекувате и она што партнерот реално може да ви го понуди и пружи. Критична точка во вашиот однос ќе биде онаа во која ќе дојдете до спознание дали вашите очекувања се реални или не. Размислете дали сакате вашата партнерка да одвои половина час за вас токму кога е во најголема зафатеност само за да поминете квалитетно време заедно, или за да ја смирите сопствената несигурност. Истото важи и за девојките, дали навистина мислите дека тоа што вашиот партнер еднаш дневно ќе ви каже дека ве сака ја одржува вистинската енергија на неговите емоции кон вас? Колку повеќе фантазирате за тоа како другите ’треба’ да се однесуваат за да се ослободите од сопствената несигурност, разочарувањето поради изневерените очекувања ќе биде поголемо. Како отприлика изгледа листата на нереални очекувања? Нешто сличо на ова: Ако навистина ме сака, ќе водиме љубов секоја вечер; Ако навистина ме сака, ќе знае што сакам дури и пред самата јас да станам свесна за тоа; Секогаш ќе знае да ме направи среќен/среќна; и слично. Но, реалноста е малку поинаква. Ако се сакате, вие и вашиот партнер ќе имате здрав однос од кој како последица ќе имате и здрав сексуален живот кој и двајцата ќе ве направи задоволни.. Никој не може да ги чита мислите на другата личност, без оглед на тоа колку ја сака, наместо тоа, некој кој се грижи за вас и ве сака, внимателно ќе слуша кога сами ќе кажете што сакате. Вашиот партнер, без облед на бескрајната љубов која ја чувствувате, не треба да биде единственото нешто што ве прави среќни во животот. Очекувањата би требало да ги замените со животни вредности кои ќе ги делите двајцата. Со таков став, и љубов, секако, ќе бидете многу посреќни и поопуштени во вашата врска.
Сурфање на суво – нов фитнес хит
За оние на кои им здосадија крос-тренажерите, лентите за трчање и останатите справи од фитнес салите, стигнува нова машина – собна даска за сурфање. Даската за сурфање на суво, RipSurfer X, е реализација на Мајк Хартвик, менаџер на еден фитнес клуб во Њујорк, како начин да ја одржи формата откако професионално престана да се занимава со хокеј. Станува збор за даска за сурфање поставена на воздушни перничиња. „Чувството е исто како да сурфате на вода“, објаснува инструкторката по фитнес Сара Пон, додавајќи дека на овој начин можат да се потрошат и до 1.000 калории за 45 минути колку што трае еден фитнес час. Сурфањето на суво ја подобрува рамнотежата, координацијата и ги засилува сите мускули, а ја има и таа предност што не постои опасност од напад на ајкули. Како што пренесува АР, на пазарот наскоро би требало да се појави и домашна верзија на оваа справа за вежбање.
Наука и Технологија
Што се случува со меил пораката кога ќе притиснете send?
17 Мај 2012
На својата страница, Гугл се потруди на корисниците да им го објасни процесот кој со тек на време почнавме да го сфаќаме сè посериозно. Од Гугл понудија објаснување што точно се случува со нашите меил пораки откако ќе го завршиме процесот на создавање на истите и ќе го кликнеме копчето send. Истовремено, ни објаснија на кои сè начини не штитат како корисници од вируси и спамови, а се потрудија на страната да го покажат и нивното еколошко освестување.
Од Хонда доаѓа домашното возило слично на Segway
16 Мај 2012
Автомобилската компанија Хонда го претстави UNI-CUB, возило кое е многу слично на Segway, но е наменето за користење во затворен простор на објектите. Од Хонда прв пат претставија слично превозно средство за во затворени простории уште во 2009 година, а UNI-CUB е најновата подобрена верзија. Возилото го движи мотор кој го напојува литиумско-јонска батерија. Има компактен дизајн со седиште како седло. Производителот тврди дека е лесно за одржување на рамнотежа, но тешко е да се верува дека стари, болни и немоќни луѓе (токму оние на кои би им било потребно) ќе можат лесно да се навикнат на новото домашно ’превозно’ средство. UNI-CUB може да се движи во сите правци, без оглед на тоа накаде сте свртени. За управување со истото се користи префрлување на тежината во одреден правец, а можете да ја користите и апликацијата која се инсталира на смартфоните. Возилото уште не е подготвено за излез на пазарот, а Хонда планира во јуни да ги направи тестовите на истото во јапонскиот Национален музеј за наука и иновации.
Дали ве гуши сопствениот дигитален отпад?
16 Мај 2012
Колку од содржините на нашите мобилни телефони и компјутери спаѓаат во ’корисен товар’, а колку во ’дигитален отпад’? Земете го вашиот мобилен телефон и пребројте ги апликациите кои ги имате на истиот. А потоа избројте колку од нив навистина редовно ги користите. После тоа, прегледајте ја содржината на хард дисковите од вашиот компјутер и обидете се да ги издвоите оние програми и игри кои сте ги активирале во последниот месец и споредете ги со оние кои ви се целосно бескорисни и непотребно собираат ’дигитална прашина’ со месеци и години во вашиот компјутер, а со тоа зафаќаат и убав дел од меморијата на истиот. На такви и слични прашања се обидува да одговори инфографиката на компанијата за безбедност на интернет Trend Micro,направена според студиите и податоците од дваесет најголеми технолошки и аналитички веб страни, вклучувајќи ги Pew Research Center, ComScore и The Wall Street Journal. Според статистичките податоци, просечен корисник на смартфон на својот уред поседува 65 апликации, но од нив, во текот на една седмица, користи само 15. Повеќе до половината корисници на компјутери велат дека сите податоци во меморијата на истите се драгоцени, но повеќето од нив користат само дел од она што го собираат и со тек на време веќе забораваат што сè чуваат и имаат во компјутерот, па дури со инсталирање на некој нов софтвер сфаќаат дека меморијата на хард дискот е преполна со непотребни нешта. А што се однесува на количината на медиумски содржини кои во светот се прикачуваат на интернет, ситуацијата е неверојатна. Во секоја секунда на Instagram се наоѓаат 60 нови фотографии, а на Фејсбук во текот на една седмица се прикачуваат 5 терабајти слики, додека на YouTube секоја минута се поставуваат 60 часа нов видео материјал. Додека компјутерите при секое преинсталирање на системот и форматирање на хард дискот повремено се чистат од вишокот податоци, светските дата центри се присилени да ги зголемуваат своите датотеки, додавајќи нови сервери и простор за собирање, трошејќи значителни средства за сето тоа да го зачува – иако поголемиот дел од податоците се целосно непотребни. Сето ова зборува за тоа дека сме станале компулсивни собирачи на дигитален отпад кои воопшто не размислуваат за неговата потреба. Дали можеби дојде време со овој проблем да се позанимаваат психолозите и психијатрите?
Спорт
Фан клубот на Баерн Минхен од Македонија организира следење на финалето од Лигата на Шампионите
Официјалниот фан клуб на Баерн Минхен од Македонија повторно организира заедничко следење на финалето до Лигата на Шампионите оваа сабота, во кое се среќаваат Баерн Минхен и Челзи. Доколку и вашето срце бие за Баварскиот тим, а не успеавте да набавите карти за финалето во Минхен, тогаш вистинското место за вас оваа сабота ќе биде градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје. Бидете на плоштадот „Македонија“ од 19:30 заедно со останатите Баварци од цела Македонија, а официјалниот фан клуб ви гарантира добро друштво и заедничко навивање и евентуална прослава на петттата титула во Лигата на Шампионите за Баерн Минхен. Тие што биле на претходните собири знаат какво е чувството, а тие што не биле ова е вистинска прилика да го искусат. Без разлика дали сте член на фан клубот или не, секој кој што го симпатизира Баерн Минхен во сабота е добредојден меѓу нас. Потврдете го вашето присувство на Фејсбук, со клик тука и во сабота ве очекуваме сите во црвено-бело на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Видео: Ова е најголемиот идиот меѓу навивачите!
Навивач ја украде белата точка за изведување пенали! Тоа е само уште еден детал од општиот хаос кој настана пред завршувањето на натпреварот помеѓу Фортуна и Херта, со кој домаќините се промовираа како нови Бундеслигаши. „Ова е најголемиот идиот меѓу навивачите“, се зборовите со кои „Билд“ го опиша фанот на Фортина Дизелдорф кој упте додека се играше натпреварот истрча на терен и го украде тревникот на кој се наоѓа белата точка за изведување на пенали. Откако помислија дека главниот судија отсвирил крај на средбата, стотина навивачи на Фортуна втрчаа на теренот со цел со своите миленици да го прослават пласманот во Бундеслигата. Во целиот тој хаос еден навивач на екипата од Дизелдорф со двете раце искорна од теренот поголемо парче трева, точно на местото на кое се наоѓа белата точка. Еден од редарите се обиде да го спречи во тој вандалски гест, но не успеа во својата намера. По 20-те минути, кои им беа потребни на редарите да ја вратат ситуацијата во нормала, се доиграа и последните две минути од средбата, во кои во шеснаесетникот на Фортуна имаше голема дупка на местото задолжено за белата точка.
Видете го идеалниот тим на Серија А
Експертски тим од „Скај Спорт“ го избра идеалниот тим на Серија А за сезоната 2011/12, и во него очекувано дури шест фудбалери доаѓаат од шампионот Јувентус и вицешампионот Милан. Тимот е составен со форминација 3-4-3 и во него има седум Италијанци, а со по тројца фудбалери партиципираат Јувентус и Милан. Предводник на тимот е тренерот на Јувентус Антонио Конте. На голот е словенскиот репрезентативец од редовите на Удинезе Самир Хандановиќ кој одигра уште една фантастична сезона. Во одбраната се најдоа играчот на Милан Тиаго Силва заедно со дефанзивецот на „старата дама“ Андреа Барзаљи и откритието на сезоната Франческо Ачерби кој од следната сезона најверојатно ќе игра за ’росонерите’ и кого на Апенините го сметаат за нов Алесандро Неста. Во средниот ред се наоѓа најдобриот играч во шампионатот Андреа Пирло заедно со својот соиграч Артуро Видал. Покрај нив двајцата во идеалниот состав се и Антонио Ночерино кој постигна 11 гола во дресот на Милан оваа сезона и играчот на Болоња Алесандро Дијаманти. Во нападот е најдобриот стрелец во шампионатот Златан Ибрахимовиќ заедно со Антонио Ди Натале од Удинезе и Себастиан Џовинко од Парма.
Видете го идеалниот тим на Примера
Мадридскиот спортски дневен весник „Марка“, заедно со своите читатели, ги избра најдобрите 11 за изминатата сезона во Примера, каде очекувано доминираат фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона. Во анкетата во која учествуваа преку 73.000 читатели не чуди доминацијата на играчите на Реал Мадрид и Барселона во идеалните 11. Меѓу нив има пет играчи на новиот шампион, четворица доаѓаат од редовите на Каталонците, а по еден од Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид, две екипи кои на свој начин ја одбележаа оваа сезона. Така, во формацијата 3-4-3 свое место најдоа Икер Касиљас, Серхио Рамос, Карлес Пујол, Хави Мартинез, Месут Озил, Чаби Алонсо, Чави, Андрес Иниеста, Кристијано Роналдо, Радамел Фалкао и Лионел Меси. Триото во нападот на идеалниот тим оваа сезона немаше милост кон противничките одбрани, постигнувајќи заедно неверојатни 120 погодоци. Токму Меси е избран за играч на годината, Жозе Мурињо е најдобар тренер, а откритие на сезоната е екипата на Леванте. Дел од изборот на „Марка“ беше и тој за најубавиот гол оваа сезона, а таа чест да го има голот на сезоната му припадна на Жулио Баптиста и неговите ’ножички’ во дуелот на Малага и Хетафе.
Видео: Крадец проба пред камери да го ограби Нејмар
Еден бразилски фудбалски фан, а во слободно време крадец, во очајнички потег се обиде да му ги украде обетките на ѕвездата на Сантош, Нејмар, иако младиот фудбалер беше опкружен со обезбедување и сниман од ТВ камери. Нејмар меѓу голем број новинари и фоторепортери се обидуваше да се пробие на доделување на награди, кога од зад грб му пријде крадецот и му ја украде обетката. Нормално дека крадецот не можеше далеку да замине бидејќи Нејмар веднаш му кажа на обезбедувањето кое брзо си ја заврши работата.
Видео: Гонзало внимавај каде одиш!
Напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Игуаин се најде во комична ситуација на аеродромот во Кувајт, откако занесем во разговорот со своите соиграчи не ја виде стаклената врата, па се удри во неа. За среќа, инцидентот помина без посериозни последици по Игуаин, но сиграчите не пропуштија да се насмет на сметка на Аргентинецот. Инаку тимот на Реал во Кувајт одигра пријателски меч со фудбалската репрезентација на домаќинот, во која славеше со 2-0 со головите на Ди Мариа и Роналдо во првиот дел.
Спорт Видео
Borussia Dortmund 5 – Bayern Munich 2 Real Betis 2 – Barcelona 2 Real Sociedad 1 – Valencia 0 Atletico Madrid 3 – Athletic Bilbao 0 Liverpool 4 – Chelsea 1 Guardiola Farewell Сeremony at Camp Nou Athletic Bilbao 0 – Real Madrid 3 Barcelona 4 – Malaga 1 Valencia 4 – Osasuna 0 Delio Rossi attacks his own player Adem Ljajic Juventus 1 – Lecce 1 AC Milan 2 – Atalanta 0 Parma 3 – Inter Milan 1 Bolton 1 – Tottenham 4 Chelsea 0 – Newcastle 2 Rayo Vallecano 0 – Barcelona 7 Malaga 1 – Valencia 0 Real Betis 2 – Atletico Madrid 2 Real Madrid 3 – Sevilla 0 Novara 0 – Juventus 4 Siena 1 – AC Milan 4 Inter Milan 2 – Cesena 1 Chelsea 6 – QPR 1 Tottenham 2 – Blackburn 0 Norwich 0 – Liverpool 3 Stoke 1 – Arsenal 1 Bayern Munich 2 – Stuttgart 0 Athletic Bilbao 3 – Sporting Lisbon 1 Valencia 0 – Atletico Madrid 1 Real Madrid 2 – Bayern Munich 1 (Pens. 1-3) Wolves 0 – Manchester City 2 Manchester United 4 – Everton 4 Juventus 4 – Roma 0 AC Milan 1 – Bologna 1 Arsenal 0 – Chelsea 0 Barcelona 1 – Real Madrid 2 Atletico Madrid 4 – Valencia 2 Sporting Lisbon 2 – Athletic Bilbao 1 Chelsea 1 – Barcelona 0 Bayern Munich 2 – Real Madrid 1 Tottenham 1 – Chelsea 5 How Wembley changed! Manchester United 4 – Aston Villa 0 Espanyol 4 – Valencia 0 Liverpool 2 – Everton 1 Norwich 1 – Man City 6 Levante 1 – Barcelona 2 Real Madrid 3 – Sporting Gijon 1 Schalke 1 – Borussia Dortmund 2 Manchester City 4 – West Brom 0
Најнови вести
15:31
Измачувачот Чарлс Дарвин
Научна Реалност
15:01
Играчки од пеколот!
Во земјата на чудата
11:13
11:11
Екстра
За 65 милиони фунти, се продава најскапиот стан во Британија
За 65 милиони фунти, се продава најскапиот стан во Британија
slikaМалкумина се оние кои себеси можат да си дозволат било каков стан во Лондон, а да не зборуваме за оној најскапиот и најлуксузниот во цела Велика Британија. Меѓутоа, има и такви среќници кои можат да ’издвојат’ вртоглави 65 милиони фунти од својот домашен буџет и да го купат токму тој, најскап и најлуксузен стан во Британија, кој се наоѓа во самиот центар на Лондон.
Стан кој има сè што е потребно за совршен дом
Стан кој има сè што е потребно за совршен дом
slikaШто повеќето луѓе посакуваат од станот? Простор, удобност, стил и постојано чувство на добредојде, приватно место одделено од светот? Овој стан во Украина со своите 300 квадратни метри, мора да се сложите, ги исполнува сите споменати услови.
Конечно - она што го баравте со години!
Конечно - она што го баравте со години!
slikaШто имаат заедничко Зулфу Ливанели, Славе Димитров, Енио Мориконе и Иван Терзиев? Нема никогаш да дознаете, ако не го видите ова што ви го нудиме, а што ќе ви побуди еден куп емоции. Уживајте!
Елеганција во која сивата боја е сè само обична не
Елеганција во која сивата боја е сè само обична не
slikaДека сивата боја може да биде и тоа како убава и пријатна во уредувањето на енетриерот пример е овој елегантен стан во Лондон кој се протега на дури 4.700 квадратни метри.
Погледнете како изгледаат куќите на иднината
Погледнете како изгледаат куќите на иднината
slikaСе повеќе луѓе сакаат да се издвојат од масата, па се одлучуваат за живот во футуристички куќи кои се изградени на необични локации и од необични материјали, а кои личат на се, само не на конвенционални станбени зданија.
Резултати сега!
Анкета
(©) 2006-2012 Taratur.com